Грчевски прозиваше, сениорките започнаа со подготовки за Германија и Словенија

Селекторот Кристијан Грчевски го означи стартот на подготовките за квалификациите за ЕП 2026 и дуелите со Германија и Словенија.

Грчевски повика 20 ракометарки за овие две средби, а тренинзите ќе се одвиваат во СЦ „Јане Сандански“ пред заминувањето во среда за Германија.

Прво и второпласираните селекции од шесте квалификациски групи ќе се пласираат на ЕП 2026, како и најдобрите четири третопласирани.

Првата средба против Германија се игра на 16 октомври од 19:30 часот во Гумерсбах, додека вториот дуел со Словенија е закажан на 19 октомври од 18:00 часот во Битола.