Со утринскиот собир во салата во Автокоманда, женската репрезентација на Македонија ги стартуваше тренинзите во ЕХФ неделата во која ќе бидат одиграни две пријателски средби.
Селекторот Кристијан Грчевски за оваа акција смета на 21 ракометарка, а селекцијата за вечерниот тренинг би требало да биде комплетна.
Македонските репрезентативки ќе одиграат две средби против еден од домаќините на ЕП 2024, селекцијата на Австрија, на гостински терен.
Првиот е на програмата в сабота на 28 септември од 17:00 часот, додека вториот ќе се игра в недела од 15:45 часот.
Овие два меча се дел од подготовките за настапот на континенталниот собир во Унгарија, Австрија и Швајцарија, а претходно во октомври, Македонија ќе настапи и на реномираниот „Трофеј Карпати“ во Романија.