Грчевски објави список – со 20 ракометарки на турнир во Турција

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за меѓународниот пријателски турнир во Анкара, Турција.

Во споредба со списокот за квалификациските средби против Германија и Словенија пред еден месец, ја нема средниот бек Моника Килдан Јанеска, како и повредената Сара Ристовска.

Повик добија кадетската репрезентативка Таида Беровиќ од Металург Автокоманда, како и десниот бек Теодора Дукоска од Ѓорче Петров, додека останатите ракометарки се истите што играа во октомври.

Македонија ќе игра против Турција на 5 декември од 14:00 часот, пресметката со Словенија е на 6 декември од 12:00 часот, додека турнирот го затвораме со дуел против Словачка на 7 декември од 10:00 часот.

Собирот е на 28 ноември од 12:00 часот во Кавадарци, каде ќе се одвиваат тренинзите пред заминувањето за Анкара.