Грчевски објави список – без Ристовска, Мицевска, Петковска…на „Трофеј Македонија“

Селекторот на женската сениорска репрезентација Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за претстојниот „Трофеј Македонија“.

Грчевски ќе смета на 20 ракометарки за претстојните натпревари против Тунис, Египет и Грција, а меѓу нив ги нема стандардните Сара Ристовска, Драгана Петковска и Јована Мицевска.

Поголема шанса во сениорска конкуренција ќе добијат Матеа Чурлиновска, Софи Гошевска, Андреа Илиќ, сестрите Коцеви…покрај веќе стандардните репрезентативки.

Собирот на ракометарките ќе биде во понеделник на 15 септември во 09:00 часот, а натпреварите ќе се играат во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид од 18 до 20 септември.