Грчевски: Можеби ни треба клуб-репрезентација

Убавите вести од Охрид и Анкара, кога женската сениорска репрезентација на МАкедонија во септмеври и сега во декември триумфираа, ни го подигнаа пулсот и ни го вратија апетитот: женскиот ракомет пак се насмевна. Но токму кога резултатите почнуваат да пристигнуваат, треба најладна глава.

Женската лигата во моментов е многу послаба од машката, и има малку подготвени ракометарки кои можат да дадат максумум во репрезентациајта. Токму поради послабата ротација не моеме во тек на 60 минути да играме квалитетно на секој меч. Така беше и со Германија и со Полска, и со Словенија.

Ако сакаме чекор плус, мора да се погрижиме девојчињата да останат во ракометот и да им создадеме патека по која талентот станува навика, а навиката – репрезентативен стандард. Денес имаме околу 680 активни ракометарки, но мора повеќе, континуирано и макотрпно да се работи. Ако се зголеми бројот можеме и да се надеваме на резултати.

Зошто ги губиме девојките и одат во друг спорт? Дел од одговорот е сурово практичен. Одбојката може да се игра во речиси секоја училишна сала; за ракомет ти требаат точни димензии, исправни голови и обележан терен.

Клучот е во тренингот. Кај помладите сè започнува од техниката. Повеќе подготовка и ситна прецизност – додавање, водeње – а помалку козметика. Две дополнителни технички сесии прават драматична разлика. Но техниката е само половина од приказната.

Само во дел од клубовите се работи професионалано, и не се сите целосно посветени на ракометот. Во таа насока, прашањето што го отвора Грчевски е храбро и повик за дебата: дали е време за клуб репрезентација. Членовите на УО на РФМ потврдија дека се подготвени да им помогнат на сит еклубови, се со цел да се обезбедат подобри услови за сите репрезентации, но и повеќе да се работи на создавање на играчи кои потоа ќе дојдат иво сениорскиот тим.

Затоа потребно е повеќе собири, кои во моментов се многу повеќе од минатото, но останува и фактот дека и клубовите треба повеќе да вложуваат во домашни ракометарки, и да им даваат шанса.