Тимот на Кадсија, во чиј стручен штаб се Зоран Кастратовиќ и Кристијан Грчевски, имаа победнички старт на првенството во Кувајт.
Кадсија во првата рунда го совлада составот на Ал Нор со 32-30 и ги запиша првите бодови во новата сезона.
Клучни во оваа победа беа некогашниот ракометари на Металург, Владан Липовина со 15 голови и Василије Калуѓеровиќ, кој даде пет.
Оваа сезона Кадсија ќе води голема битка за трофеите во Кувајт со неприкосневениот Кувајт Клуб.
Грчевски и Кастратовиќ соработуваа и претходно на клупата на Саудиска Арабија, а беа дел и од Ал Мудар.