Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки за подготвителниот период за ЕП 2024.
На списокот се наоѓаат дури 15 интернационалки и шест ракометарки, кои што настапуваат за домашните клубови.
Македонија пред настапот на ЕП ќе тестира на двапати со Австрија и ќе учествува на силен турнир во Романија.
Натпреварите со Австрија се играат на 28 и 29 септември во Брегенц од 17:00 часот, односно 15:45 часот.
Македонија е во групата со еден од трите домаќини на ЕП, Унгарија, со стариот познаник Шведска, како и со дебитантот Турција.
Европското првенство 2024 ќе стартува на 28 ноември, а финалниот ден од континенталниот собир ќе биде на 15 декември.