Женската репрезентација на Македонија ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2026 и ќе се бори со Германија, Словенија и Белгија за место на континенталниот собир.
Селекторот Кристијан Грчевски смета дека Македонија може да атакува на второто место во групата, иако и најдобрите четири од шесте третопласирани во групите ќе се пласираат на ЕП 2026.
„Можеби не е толку атрактивна групата, но сепак се работи за доста квалитетни противници. Шансата ќе треба да ја бараме преку две победи над Белгија и да пробаме да победиме некој од фаворитите на домашен терен. Ќе атакуваме на второто место, иако имаме шанса и со третото место да се пласираме на ЕП 2026. Се надевам дека ќе бидеме подобро подготвени тој период, ракометарките ќе бидат позрели и поискусни, па ќе се избориме за уште едно големо натпреварување“, изјави Грчевски.
Македонија ги започнува квалификациите за ЕП 2026 во октомври со гостување кај Германија, додека во втората рунда ќе ја пречека Словенија.
Македонија ги дозна ривалите – еве кои селекции стојат на патот до ЕП 2026
Дамите отвораат со Германија на гости, за крај гостување во Словенија