Грбиќ распали по судиите: Како да дојдовме на театар, а не да играме ракомет!

Во рамките на четвртфиналето на Мундијалот, селекцијата на Црна Гора беше поразена од Данска со 26-24.

Храбрите Црногорки се бореа до самиот крај, а исклучувањето на Итана Грбиќ во финишот кога се кршеше резултатот, можеби беше клучно за Данска да ја потврди победата.

Грбиќ доби исклучување откако се израдува на еден погодок на нејзина колешка и тоа по интервенција на делегатот.

„Тешко е да се најдат зборови. Прв пат во кариерата сум исклучена поради радување, како да не дојдовме да играме ракомет, туку на театар. Но на тоа не можеме да влијаеме. Мора да одиме со главите горе, бидејќи покажавме дека сме подобри од Данска, која има две постави со ракометарки што играат во врвни клубови“, изјави Грбиќ по натпреварот.

Сега Црна Гора ја очекуваат уште две средби од разигрувањето за пласман од 5 до 8 место, а прв ривал е селекцијата на Холандија.