Тимот на Војводина, каде што тренер е Андријана Будимир, а таму игра Македонката Пена Граматова, имаше победнички старт во Србија.
Војводина на домашен терен во Нови Сад го совлада составот на Срем од Сремска Митровица со убедливи 35-24.
Девојките на Будимир уште по првиот дел го најавија триумфот, откако водеа со 16-9, а Граматова беше втор стрелец.
Македонската репрезентативка успеа да постигне шест гола во противничката мрежа и покажа дека ќе биде меѓу носителките на играта оваа сезона.
Покрај Будимир, уште една поранешна членка на Кометал Ѓорче Петров е во стручниот штаб, тренерот на голманките – Бранка Јовановиќ.