Претстојната сезона ќе биде последна во дресот на германскиот Фленсбург за шведскиот репрезентативец Јим Готфридсон.
Тој потпиша договор на три сезони и од идното лето ќе му стави на располагање на шведскиот стратег Михаел Апелгрен.
По настапите за Иштад во татковината, Готфридсон се пресели во Германија, и од 2013 година го носи дресот на Фленсбург.
Со овој тим ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2014 и титулата во Лигата на Европа во 2024 година..
Освојуваше трофеи и во Германија, но сега дојде време за нов предизвик во кариерата и ќе настапува во Унгарија.