Тимот на Водице, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Гошевски, славеше победа во Втората лига на Хрватска.
Водице победи на гостувањето кај Дубовац Газа со 30-24, иако на полувремето имаше само гол предност, 12-11.
Најзаслужен за победата беше токму десниот бек од Македонија, кој успеа да погоди осум пати во противничката мрежа.
Следен предизвик за Гошевски и неговиот тим ќе биде домашниот натпревар против екипата на Сплит.