Ракометарките на Куманово ја остварија втората победа во вториот дел од сезоната во Женската лига, откако во натпревар од 16. коло славеа над Шампион со 32:19 (15:13).
Составот на Шампион се покажа како незгоден ривал во првото полувреме, во вториот дел парираше до 40 минута, потоа работите започнаа да се движат во посакуваната насока на вицепрвакот.
Куманово во последниот дел одигра одлично, се одлепи на висока разлика и до крајот не дозволи ривалот да има било какви шанси да го ублажи поразот.
Одлична партија во победничката екипа имаше Јана Ѓошевска, која постигна 12 погодоци, шест додаде Сара Богојеска.
Во таборот на Шампион најефикасна беше Ангела Петровска со девет погодоци, пет реализации запиша Мила Филипова.