Ѓорѓиевска со одличен настап – донесе триумф за Одунпазар

Поранешната македонска репрезентативка Елена Ѓорѓиевска имаше одличен старт во новиот клуб во Турција.

Ѓорѓиевска беше лидерот на нејзиниот Одунпазари до важен триумф на стартот од турскиот шампионат.

Одунпазари славеше на гостински терен кај 29-28, откако и на паузата имаше водство од два гола разлика, 12-10.

Десниот бек од Македонија беше најдобра на теренот и успеа да постигне осум голови во противничката мрежа.

Одунпазари и Ѓорѓиевска во следното коло ќе играат на домашен терен со амбициозната Бурса.