Ѓорѓиевска: Ова е мое последно ЕП како играч, но секогаш ќе бидам тука за девојките

Женската репрезентација на Македонија одигра нерешено против Турција, 25-25, во второто коло од Европското првенство во Унгарија, Австрија или Швајцарија.

Капитенот Елена Ѓорѓиевска вели дека овој натпревар полн со пресврти ќе биде големо искуство за помладите ракометарки за во иднина.

„Целиот стручен штаб и сите ракометарки дадовме максимум. Имавме многу падови, но тоа е нормално кога во ростерот има многу млади ракометарки. Камбекот од минус пет, до плус два и напад за три разлика, ќе биде големо искуство плус за сите девојки што го оставија срцето на терен и договорот го исполнија до крај. Ова е мое последно ЕП како играч, но секогаш ќе бидам тука да им помогнам на девојките колку што можам. Можеби има повеќе емоции, но главата горе и се надевам дека отсега па натаму ќе имаме уште подобри резултати“, вели Ѓорѓиевска.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со домаќинот Унгарија, кој игра во одлична форма. Мечот се игра в понеделник од 18:00 часот во „Феникс Арена“.