Женската репрезентација на Македонија ги одработува последните подготовки за настапот на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Една од најискусните во репрезентацијата на Македонија, Елена Ѓорѓиевска, која сега е во стручниот штаб, вели
„Сакам да кажам дека девојките се во одлична форма, одработија добар дел во текот на подготовките, има една добра еуфорија меѓу девојките и сите со еуфорија го очекуваат ова ЕП, бидејќи е многу важно за нас. Се подготвуваме чекор по чекор, главна цел ни е Турција, да можеме да дадеме еден отпор, се надеваме на добра партија и победа против Турција. Свесни сме дека имама два добри ривали во името на Унгарија и Шведска, но мислам дека може да дадеме едно вистинско светло на македонскиот ракомет, има добри и талентирани девојки кои понатаму треба да преземаат важна улога. На ЕП треба да се даде 200%, знам дека девојките ќе го дадат својот отпор, има добра хиерахија и енергија меѓу сите, од управа до играчи, тоа е еден голем плус и се надевам дека ќе ја претставиме Македонија во едно подобро светло“, вели Ѓорѓивска.
Искусната ракометарка сега се наоѓа во двојна улога, иако на теренот не минува време, туку повеќе е со селекторот Грчевски во стручниот штаб.
„Имам чест и задоволство што можам да ја имам и таа улога, тоа е едно пзоитивно искуство за поанатамошниот дел од мојата кариера, сепак, емоции се, мое последно ЕП. Моето прво натпреварување за сениорската репрезентација беше на СП во 2005 во Русија, се надевам дека ќе го дадам максимумот да помогнам и сега“, заврши Ѓорѓиевска.
Македонија го отвора настапот на ЕП со натпревар против Шведска на 28 ноември, потоа на 30 ноември следува меч со Турција, додека на 2 декември ќе се соочиме со домаќинот Унгарија.