Македонија стартуваше со победа над Бахреин со 32-28 на турнирот во швајцарскиот град Винтертур.
Средниот бек Игор Ѓорѓиев ги сподели импресиите по натпреварот во кој имаше подеми и падови.
„Најпрво сакам да им честитам на сите за победата. Имавме тежок натпревар за играње, но тоа беше само подготвителен натпревар. Ние од дуел во дуел ќе бидеме се подобри, работиме на тоа. Како индивидуалец секогаш целам на подобро, мислам дека сите можеме многу подобро. Затоа треба да ги намалиме нашите осцилации на натпреварите и верувам дека ќе бидеме подобри на дуелите кои следуваат“, изјави Ѓорѓиев.
Денеска Македонија има втор предизвик во Винтертур и ќе се соочи со селекцијата на Украина од 17:45 часот.
Македонија со победничко отворање во Швајцарија – совладан Бахреин!


























