Екипата на Радовиш на гостувањето во Битола кај актуелниот шампион Еурофарм Пелистер доживеа пораз од 45:23.
Радовишани дадоа се од себе за добро да се претстават пред битолската публика и се бореа во рамките на своите можности.
Еден од предводниците на Радовиш, Спасе Ѓорѓиев, истакна дека неговиот тим ќе биде многу подобар во вториот дел од сезоната.
,,Реално, Еурофарм Пелистер е многу поквалитетна екипа, ние дојдовме да се надигруваме колку што можеме и пред сѐ, на нашите млади играчи да им дадеме шанса против играчи кои што играат во Лигата на шампионите. Ние се боревме, но нашите можности се толку, со оглед на тоа што имаме доста повредени играчи…Имаме голем потенцијал во младите, како што кажав, имаме повредени играли, денес не настапи капитенот Здравко Постолов и младиот Петар Стојановски, така што мислам дека Радовиш за плеј-аут фазата ќе биде сосема нова екипа, повоиграна и мислам дека ќе им правиме проблеми на сите екипи во вториот дел од сезоната”.
Следен предизви за Радовиш ќе биде натпреварот со Пролет на домашен терен.
Пелистерци им се вратија на победите, броеја до 45 против Радовиш