
Македонската репрезентација денеска го игра најважниот натпревар на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Ривал е селекцијата на Португалија, а овој меч ќе реши дали ќе продолжиме да се надеваме на главна рунда или ќе се вратиме дома на 21 јануари.
Средниот бек Игор Ѓорѓиев вели дека тој и соиграчите ќе го остават срцето на терен.
„Ние ќе го оставиме срцето на терен и против Португалија и против Романија. Ова се за нас двата најважни натпревари. Португалија е селекција која што е полуфиналист на последното Светско првенство и е составена од играчи кои играат во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе бидеме подобри на овој дуел, како во одбраната, така и во нападот. Треба да ги намалиме техничките грешки, а воедно и да ја поправиме реализацијата. Исто така треба да посветиме многу внимание на враќањето во одбрана, бидејќи тоа е клучот да не примиш многу голови против таков тип на селекција како што е Португалија“, изјави Ѓоргиев.
Мечот меѓу Македонија и Португалија се игра вечерва од 18:00 часот во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.

























