Македонија ја победи Италија со 23-19 и го освои првото место во групата Л од разигрувањето за пласман на ЕП.
Еден од творците на овој триумф беше голманот Ѓорѓи Николовски, кој одбрани дури половина од ударите на Италијанците.
Тој фати 18 топки, односно имаше 50% успешност на одбранети удари и заслужено беше МВП на овој натпревар.
За кадетите сега следуваат уште две средби, утре и задутре, по што ќе биде познат нивниот конечен пласман.
Македонија триумфално против Италија – обезбеден е опстанокот во евро елитата