Ѓорѓи Начевски и во следните четири години ќе биде претседател на Здружението на ракометни судии на Македонија.
Оваа одлука беше донесена на Изборното собрание кое денеска се одржува во Кавадарци, а изборот на Начевски беше едногласен.
Ова ќе биде нов мандат на Начевски, кој и досега беше на чело на ракометните арбитри.
„Здружението на ракометни судии на Македонија денес 06.10.2024 во Кавадарци одржа Изборно собрание на кое едногласно беше избран Ѓорѓи Начевски за претседател на ЗРСМ во наредните 4 год 2024/28. Избран е нов Управен Одбор, нов Надзорен Одбор, Стручна комисија , исто така се донесени многу одлуки и правилници за идниот мандат од 4 год“, објавија од ЗРСМ.
Начевски зад себе во богатата кариера има судено на финалиња на ЕП, СП, ОИ, како и на Ф4 во Лигата на шампионите.