Ѓoрѓев и Орешков комбинираа 19 гола, Шампион беше лесен залак за неготинци

По поразот од Драчево Јуниор, ракометарите на Вардар Неготино им се вратија на победите во прволигашката конкуренција.

Избраниците на Ратко Вељанов славеа без никакви проблеми против екипата на Шампион со 38-29.

Гостите водеа само на стартот со 2-0, беше и 3-3 по пет минута игра, а потоа се беше во знакот на домашните ракометари.

На паузата неготинци водеа со 23-15 и потоа само рутински ја одработија задачата во второто полувреме.

Предводници во убедливата победа беа Наќе Ѓорѓев со 12 и Ѓорѓи Орешков со седум гола, а Давид Јовчевски постигнаа 11 за Шампион.

На табелата, Вардар Неготино сега има 26 бода на четвртата позиција, додека Шампион е претпоследен со два бода.