Ѓорчепетровки се нови шампионки во пионерска конкуренција

Екипата на Ѓорче Петров е новиот пионерски шампион во Женска конкуренција, откако во финалето на Ф4 турнирот славеше над Стружанка со 22:16. Третото место им припадна на ракометарките на Вардар, кои во борбата за бронзениот медал беа подобри од Делчево Вардар со 30:26.

Ѓорче Петров и Стружанка играа меѓусебе и во групната фаза сезонава, и скопскиот тим двапати успеа да победи, но овој триумф е особено важен бидејќи е шампионски. Ѓорче Петров сезоната ја заврши само со едне пораз, оној од Пелистер во регуларниот дел од сезоната. Само Вардар имаше максимален учинок во групите, но загуби во полуфиналето од Стружанка.

Минатата сезона титулата кај пионерките ја освои екипата на Пелистер, кој годинава не успеа да обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи. Ѓорче Петров и лани играше на Ф4 турнирот кај пионерките.

Ф4 – пионерки, сезона 2023/24

Полуфинале
Ѓорче Петров – Делчево Вардар 25:18
Вардар – Стружанка 21:22

Натпревар за 3 место
Вардар – Делчево Вардар 30:26

Финале
Ѓорче Петров – Стружанка 22:16


Погледнете го финалниот меч меѓу Ѓорче Петров и Стружанка