Актуелниот освојувач на двојната круна Ѓорче Петров годината ќе ја заврши на лидерското место, откако во 13. коло како гости го победија Вардар со 36-27. Без оглед на исходот од последниот меч меѓу Металург Автокоманда и Астибо, „лавиците“ ќе бидат на првото место.
Вардар останува во Топ-4 екипите, и завршува со 14 бода, пет повеќе од Куманово кој е петтопласиран. По вторпат Ѓорче Петров сезонава победува со разлика од 9 гола на дуелите со Вардар.
До 20. минута од мечот Вардар се држеше, еднаш имаше и водство. Но, потоа ѓорчепетровки за пет минути направија серија со која од 12-11 зголемија на 18-12 во 26 минута. Тоа беше период во кој беше направена клучната разлика.
Во второто полувреме гостинките ја задржаа предноста, па на крај дури имаа и победа од високи „плус 9“, 36-27. Кај побeдниците Емилија Ризокса со 7 и Стефанија Ѓорѓиевска и Армина Исиќ со по 6 гола беа најефикасни, а кај Вардар 11 гола даде Леона Миленкоска.

























