Ако се цени според засилувањата што се веќе потпишани, и оние за кои се зборува дека ќе дојдат во Скопје, тогаш македонскиот шампион Ѓорле Петров најавува силна болба за влез во групите од Лигата на Европа. „Лавиците“ веруваат дека ќе бидат првата женска екипа што по неколку години ќе игра во групна фаза од европски куп, овојпат во Лига Европа. Најновото засилување за тренерот Симе Симовски доаѓа од Бразил.
По Јана Калајџиевска и Есма Муратовиќ, сега во дресот на освојувачот на двојната круна ќе се пијави и Флавиа Лима Габина од Бразил. Со меѓународно искуство од бранење во Унгарија, Кореја и Романија, сега доаѓа во Македонија.
Во Македонија веќе неколку Бразилки имаат настапувано, а нејзината сонародничка Мајса Песоа бранеше во Вардар. Ланската сезона Габина бранеше во Романија во тимот на Дева. Претходно две сезони беше дел од тимовите на Бусан и Шугар Гјалдерс од Кореја, каде еднаша беше шампион и вицепрвак, и прогласена за најдобар голман.
Има изградено добар голмански стил, и особено е добра за одбрани од крилни позиции. Во Скопје би требало на Ѓорче Петров да му ја даде потребната сигурност меѓу стативите, заедно со помладите голманки на македонскиот шампион кои веќе созреаваат, но секако ќе имаат можност и да „украдат“ нешто од искусната Бразилка.
Има настапувано и за екипата на Алба Фехервар од Унгарија и неколкупати беше прогласувана за играч на натпреварите. Од 2013 година е професионален играч и ги има освојувано првенствата на Бразил, настапувано за младинската репрезентација на Бразил, прогласувана за најдобар играч во нејзините категории, а со кадетките на Бразил стигна до шестото на кадетското СП во Македонија во 2014 година.