Ракометарките на Ѓорче Петров в недела (13 октомври) пред својата публика ќе го одиграат реванш дуелот против Хорс од втората рунда во Лигата на Европа.
Ѓорчепетровки на првиот дуел, кој што беше одигран во Шведска, загуби со осум гола разлика, 29:21, па така избраничките на Симе Симовски ќе треба да дадат повеќе од потребното.
Македонскиот шампион доколку успее да ја надомести високата негатива, односно да го елиминира Хорс, тогаш за пласман во групната фаза во второто по ранг европско натпреварување ќе се бори со Париз.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Хорс ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот, а влезот за сите љубители е слободен.
Во изминатата сезона „лавиците“ успеаа да стигнат до четвртфиналето во Европскиот Куп.