Ѓорчепетровки ја задржаа Габина, а се засилија со Јовановска

Освојувачот на двојната круна во женска конкуренција, Ѓорче Петров донесе засилување на голманската позиција, и нивни нов член е Марија Јовановска од Куманово. Таа беше кадетска и младинска репрезентативка на Македонија, а беше дел од репрезентацијата што настапи на ЕП 2022 година во Македонија.

Скопскиот тим сезонава ќе има доста промени во играчкиот кадар, а веќе најави дел од засилувањата. Според информациите на 24ракомет, тимот ќе има по три квалиттени, преспективни и докажани ракометарки на секоја позииции. Тимот ќе биде микс на млади, на репрезентативки и на интернационалки.

Меѓу стативите покрај Јовановска ќе биде и Бразилката Флавио Флафиа Лима Габина која го продолжи договорот со „лавиците“ за уште една сезона. Таа пристигна лани и клубот е задоволен од нејзините настапи.

Ѓорче Петров сака да има поголема конкуренција, и поголем ростер. Во Јовановска тие гледаат голман кој може да напредува и да биде носител на одбраната. Повеќе потенцијални репрезентативки, и актуелни играчи од репрезентацијата се на мета на ѓорчепетровки кои најавуваат промена на курсот во ангажирање на ракометарки, а сепак да бидат конкурентни за титулата, и за настап на европска сцена.