Ѓорче Петров врза трета победа, славеше кај Вардар

Актуелниот шампион Ѓорче Петров на гостувањето кај Вардар дојде до убедлива победа од 35:22 во натпревар од 3. коло во Женската лига. Вардарки дадоа сѐ од себе на овој натпревар, но пресудно беше поголемото искуство на „лавиците.“

Иако Ѓорче Петров започна според планираното, сепак, составот предводен од Платон даде голем отпор во првите дваесетина минути и резултатот до 22 минута најчесто беше нерешен. Кон средната на првото полувреме беше 10:10, а „црвено-црните“ за првпат поведоа во 18 минута со голот на Миленковска за 11:10.

На голот на Вардар одлична беше Илиќ, одбраната беше на ниво, но и двете екипи правеа почетнички грешки, па така на осум минути пред крајот на првото полувреме резултатот гласеше 12:12. Избраничките на Симовски заиграа поангажирано во финишот, го свртија резултатот во своја полза и со мини серија дојдоа до плус пет на пауза, 20:15.

Ѓорче Петров посетепено ја зголемуваше предноста во вториот дел, во кој даде, а прими. Домаќинките ја имаа имаа расположената Миленковска, но младинската ререзентативка можеше сама против гостинките. Шампионот рутински ги одигра последните дваесетина минути.

Најрасположена во победничката екипа беше Катерина Дамјановска со девет погодоци, седум додаде Емилијана Ризоска, шест запиша Ана Марија Коларовска.

Во домашниот табор прво име беше Леона Миленковска со девет реализации, а ја следеше Јасмина Попова со четири погодоци.