Ѓорче Петров со нов договор за Божиновска

Македонскиот шампион Ѓорче Петров продолжува со екипирањето пред стартот на новата сезона во која ќе игра на домашна и меѓународна сцена.

Раководството на „лавиците“ ја продолжи соработката со младата Ева Божиновска, која настапува на десната крилна позиција.

Ѓорче Петров досега ги задржа голманката Флавија Габина, Милица Николиќ, Катерина Дамјаноска, Ива Велкова, Емилијана Ризоска и Мила Ѓорѓиевска, како и Санкон Кадиату и Камара Мацире.

Претходно „лавиците“ ги засилија своите редови со голманката Марија Јовановска, левото крило Стефанија Ѓорѓиевска, пивотот Анастасија Трпеска, Бугарката Стефани Петрова, Португалката Шејла Ланга и сестрите Бојана и Борјана Коцеви, како и Теодора Дукоска.