Ракометарките на Ѓорче Петров имаа успешен старт на пријателските натпревари пред стартот на новата сезона.
Составот предводен од Симе Симовски одигра два тест меча против српскиот вицепрвак Јагодина.
На првиот, македонскиот шампион славеше со 33-32, додека на вториот натпревар одигран денеска, „лавиците“ победија со десет гола, 27-17.
На вториот натпревар со осум гола се истакна Ана Вранчиќ, а по четири постигнаа Ивана Дежиќ, Анастасија Николовска и Емилијана Ризоска.
Ѓорче Петров оваа сезона донесе голем број засилувања за европските настапи во Лигата на Европа, каде во втората рунда ќе игра со шведскиот Хорс, а ако го минат последна пречка до групите ќе биде составот на Париз.