Ѓорче Петров се поднови со црногорска голманка

Македонскиот шампион Ѓорче Петров за стартот на сезоната ќе биде посилен за црногорска голманка.

Станува збор за Милена Вујисиќ, која ќе формира трио со Марија Јовановска и младата Дарија Наумоска.

23-Годишната Црногорка доаѓа од редовите на хрватскиот Замет Ријека, а потекнува од школата на Будуќност, со кој има забележано настапи и во Лигата на шампионите.

Вујисиќ по заминувањето од Подгорица една сезона беше дел од тимот на Груде со кој освои титула во Босна и Херцеговина, пред да се пресели во Хрватска.

Ѓорче Петров ќе ја стартува сезоната на 6/7 септември против екипата на Куманово, додека европски обврски ќе има во ноември.