Македонскиот шампион Ѓорче Петров вечерва го одигра првиот од двата пријателски натпревари против ПАОК од Грција.
Во натпревар со многу надигрувања, победа оствари ПАОК, триумфираше со 25:24 (12:13), а голот за победа беше реализиран во последната секунда од пенал.
Овие дуели против грчкиот тим се силна проверка за тимот на Симе Симовски пред авантурата во Лигата на Европа.
Ѓорчепетровки за ривал во второто квалификациски коло од Лигата на Европа го имаат тимот на Хорс од Шведска.
Првиот натпревар против шведскиот суперлигаш е закажан за 6 октомври во Еслов, додека реваншот една недела подоцна во Скопје.
Победникот од овој двобој ќе обезбеди пласман во третото квалификациско коло и за влез во групната фаза од ЛЕ ќе се бори со силниот Париз.