Ѓорче Петров прв низ целта по првата етапа, пролетта ќе донесе возбудувања

Екипата на Ѓорче Петров го финишираше есенскиот дел од сезоната во Женската лига со максимални 39 бода, триумфираше на сите 13 натпревари.

Актуелниот бранител на титулата си создаде убава предност за вториот дел од сезоната, во која повторно ќе треба максимално да одработи ако сака да го одбрани тронот.

Чаир првиот дел од сезоната го заврши на второто место со 34 бода, еден бод помалку има новакот Металург Автокоманда, додека вицепрвакот Куманово ќе има тешка задача да се вмеша во борбата за врвот, моментално заостанува девет бода зад лидерот.

Зад водечката четворка е позициониран некогашниот шампион Вардар, кој првиот дел го заврши со биланс од девет победи, едно реми и три порази. Вардарки на табелата имаат 28 бода, а најавените амбиции на тимот се да биде во ТОП 3.

Голема борба ќе има и за шестата позиција на табелата, позиција на која моментално е Стружанка. Овој тим отскокнува за нијанса од другите кои следуваат на табелата, но нема да биде изненадување ако Деспина, Пелистер, Скопје или Спартак се вмешаат во борбата за златната средина.

Гевгелија е единствената екипа која на 13 одиграни натпревари не успеа да освои ни бод. Клубот од најјужниот град во Македонија во оваа сезона нема капацитет за да се надева на избегнување на дното.

Натпреварите од вториот дел од сезоната ќе започнат на почетокот на месец март. Во следната натпреварувачка сезона 2024/25, најдобрите четири екипи од Македонија ќе обезбедат настап во Европа.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080