Ѓорче Петров посилен за сестринскиот тандем Коцеви!

Македонскиот шампион Ѓорче Петров продолжува со формирањето на играчкиот ростер, кој во најголем дел ќе го сочинуваат нови ракометарки – репрезентативки на Македонија.

Според информациите на 24Ракомет, најнови засилувања на листата нови ракометарки се сестрите Бојана и Борјана Коцеви, кои доаѓаат од редовите на лутиот ривал Металург Автокоманда, каде настапуваа минатата сезона.

Бојана е среден бек, додека Борјана може да одговори на сите бековски позиции, а двете имаа голема улога во вицешампионското место и пласманот на Металург Автокоманда на Ф4 во Купот на Македонија.

Со ангажманот на Коцеви, тренерот Симе Симовски добива одличен тандем на бековските позиции за наредната сезона во која Ѓорче Петров ќе игра на три фронтови. Пред да играат во Автокоманда, двете настапуваа за составот на Вардар.

Претходно Ѓорче Петров ги ангажираше левото крило од Чаир, Стефанија Ѓорѓиевска, кружниот напаѓач Анастасија Трпеска и голманката Марија Јовановска од Куманово, додека беа продолжени соработките со кружниот напаѓач Катерина Дамјаноска, Ива Велкова и Флавија Габина.