Македонскиот шампион Ѓорче Петров го донесе 11 засилување за новата сезона, откако го промовираше левиот бек Армина Исиќ.
Станува збор за 29-годишна босанска репрезентативка со големо искуство која потекнува од Локомотива Мостар, а во татковината ги бранеше боите на Неретва и Јединство Тузла.
Во 2017 година ја започна интернационалната кариера во турскиот Османгази, па играше по една сезона за три шпански клубови – Тенерифе, Кордоба и Ланцароте, пред да замине во францускиот Тулон.
Потоа играше и за романската Дачија Миовени, а минатата сезона ја мина во турскиот Јаликавак, од каде доаѓа во Македонија.
Досега македонскиот клуб ги ангажираше Шејла Жоао Ланга, Кристина Радајева, Милена Вујисиќ и Ана Вранчиќ, а се засили и со сестрите Бојана и Борјана Коцеви, Марија Јовановска, Теодора Дукоска, Анастасија Трпеска, Стефанија Ѓорѓиевска…