Ѓорче Петров се раздели со една од интернационалките

Македонскиот шампион Ѓорче Петров во продолжение на сезоната нема да смета на една од интернационалките.

Казахстанската репрезентативка Кристина Радајева не е повеќе членка на македонскиот првак и двете страни ќе продолжат по својот пат.

Таа летово потпиша за „лавиците“, но подоцна му се приклучи на тимот и не успеа да се наметне со своите настапи.

Радајева беше дел од националниот тим на Казахстан на СП 2025, а за тоа време пропушти важни дуели од Супер женската лига.

Двете страни решија да се разделат и сега единствен десен бек во Ѓорче Петров останува Теодора Дукоска, а дополнително ќе биде познато дали првак ќе ги засилува своите редови.