Македонскиот шампион Ѓорче Петров во следната сезона ќе оди чекор напред во европските купови и се пријави за учество во Лигата на Европа, и ќе биде единствениот тим од Македонија што ќе игра во второто по квалитет натпреварување во Европа. Македонија долги години немаше претставник во ова натпреварување, и откако ја освоија двојната круна во Македонија сега ѓорчпетровки решија „да ја напаѓаат Европа“.
Според клупскиот ранкинг во женска конкуренција, Македонија може да пријави еден тим во Лигата на Европа, како и три тима во Европскиот Куп, што ќе биде искористено од страна на раководството на „лавиците“.
Три сезони по ред Ѓорче Петров партиципираше во Европскиот Куп, а сезонава што заврши стигна до Топ-8 каде беше елиминиран од шпанскиот тим Елче.
Во зависност од бројот на пријавени екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување, Ѓорче Петров ќе игра едно или две квалификациски кола, односно е стартува од второто или третото коло, бидејќи прво коло нема ниту да има ако се суди според бројката на пријавени екипи минатите сезони. Групната фаза се игра со 16 екипи, каде според рејтингот директно место ќе добијат четири екипи.
Oткако ЕХФ Купот се ребрендираше во Лига на Европа во сезоната 2020/2021, Македонија немаше ниту еден претставник во ова натпреварување, па ова ќе биде историски момент.
Според планот на ЕХФ, првото квалификациско коло (доколку го има) ќе се игра на 7/8 септември и реванш една недела подоцна, додека второто коло е на програмата на 5/6 октомври и седум дена подоцна, а третата рунда и последна пред групната фаза ќе се игра на 9/10 ноември, односно една недела подоцна. Мечевите од групата се планирани да почнат во јануари 2024.
Ѓорче Петров е 20-кратен шампион на Македонија и шампион на Европа од 2002 година,