Ѓорче Петров не дозволи изненадување – со убедлив триумф до борба за Куп трофеј!

Ракометарките на Ѓорче Петров се првите финалистки на завршниот турнир во Купот на Македонија, откако во финалето го совладаа составот на Вардар со убедливи 39-18.

„Лавиците“ победата ја најавија уште по првото полувреме кога водеа со 19-12, а вториот дел беше само формално одработување на задачата за ново финале и меч за нов трофеј во Купот.

Ѓорче тргна со 3-0, но вардарки се вратија во егал, 4-4. Сепак потоа одново на сцена стапија бранителките на трофејот, кои имаа грешки, но и покрај тоа успеаја да стигнат до седум гола предност.

Второто полувреме не донесе големи возбудувања, шанса за настап добија сите ракометарки, но немаше резултатски промени и Ѓорче Петров на крајот убедливо обезбеди место во финалето.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ана Марија Коларовска со шест гола, како и Ивана Дежиќ и Ана Вранчиќ со по пет погодоци, додека кај Вардар се истакна Леона Миленкоска со шест голови.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Металург Автокоманда и Чаир од 19:30 часот, додека финалето е на програмата од 16:00 часот во текот на утрешниот ден.