Македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе одигра две пријателски средби со првакот на Косово, Истогу.
Првиот натпревар ќе биде одигран денеска со почеток во 18:00 часот, додека утре е вториот дуел од 13:00 часот.
Ѓорче Петров викендов требаше да го игра дербито со Чаир од Супер женската лига, но поради европските обврски на чаирчанки, тој дуел е одложен.
За да се одржи формата пред новите предизвици на домашна и меѓународна сцена, „лавиците“ ќе одиграат два пати со Истогу.