Македонскиот шампион Ѓорче Петров запиша уште една лесна победа во Супер женската лига, откако славеше против Спартак со 55-13.
Спартак го имаше првото водство на мечот, но потоа серија голови на „лавиците“ за 5-1 и веќе беше јасно каков тек ќе има натпреварот.
На паузата избраничките на Симе Симовски имаа 26-7, а во вториот дел беа уште подобри во нападот и комплетно го надиграа ривалот.
Стефанија Ѓеорѓиевска успеа да постигне 13 погодоци во мрежата на Спартак, а осум пати погоди Емилијана Ризоска.
Во редовите на Спартак, во отсуство на Зорица Андовска, Надица Максимовска беше најдобар стрелец со осум погодоци.
























