Македонскиот шампион Ѓорче Петров по триумфот над Чаир во минатото коло, лесно се справи и со Астибо.
Избраничките на Александар Царчев славеа против штипјанки со убедливи 38-20, а победникот беше решен уште по првиот дел кога беше 21-10.
Емилијана Ризоска го предводеше домашниот тим со осум гола, додека по пет погодоци постигнаа Марија Јанкуловска и Теодора Дукоска.
Во отсуство на Марија Анчева, кај Астибо се истакнаа двете анголски интернационалки Жанет Мутемека со девет и Мауде Ксавиер со шест гола.
Сега „лавиците“ од Ѓорче Петров имаат 33 бодови на првото место, Чаир е втор со 28 бода, но имаат и меч помалку.

























