Ѓорче Петров ја почнува одбраната на титулата дома со Куманово, градски двобој во Скопје

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за натпреварувачките броеви во Супер Женската лига.

Од оваа сезона кај дамите ќе се игра во две конкуренции – Супер лига која ќе брои осум учесници и Прва лига со седум екипи.

Актуелниот шампион Ѓорче Петров ќе ја започне одбраната на титулата на домашен терен со дуел против Куманово, а ќе има и градски двобој на Металург Автокоманда и Вардар.

Стартот на сезоната е планиран за 14/15 септември.

Супер Женска лига, 1 коло:

Пелистер – Чаир
Ѓорче Петров – Куманово
Астибо – Спартак
Металург Автокоманда – Вардар

Во Првата Женска лига ќе играат седум екипи, меѓу кои нови се амбициозниот состав на Атлетик и новајлијата Јехона.

Прва Женска лига, 1 коло:

Шампион – Деспина
Јехона – Стружанка
Овче Поле СУ – Ѓорче Петров 2
Атлетик слоб.