Ѓорче Петров ита кон нова титула – го преслуша Чаир

Единствениот сериозен конкурент кој може да ја прекине доминацијата на Ѓорче Петров, тимот на Чаир се врати дома со пораз од 16-24 оставајќи ги „лавиците“ во позиција повторно да ја одбранат титулата. Сега Ѓорче Петров има три бода предност во однос на Чаир, но ќе треба да гостува кај нив во вториот дел. Засега нема екипа која би можела да им парира на овие две екипи, и веројатно меѓу нив ќе се бараат и двата освојувачи на трофеите сезонава.

Сега им се реваншираа ѓорчепетровки на своите колешки за поразот на почетокот од сезоната, во октомври. Оттогаш освојувачот на двојната круна има серија во која не е поразен во домашното првенство.

Иако имаше подеми и падови во есенскиот дел, сега игра одлично покажувајќи ја својата добра форма со која продолжува до нов трофеј.

Од самиот почеток на мечот Ѓорче Петров имаше водство, полека но сигурно го зголемуваше, и во 41 минута првпат беше дфицифрена. Иако и двете екипи се засилија на полусезона, изгледа домаќинките повеќе „ги погодиле“ играчите. И во двата стручни тимови исто така имаше засилувања.

Емилијана Ризоска со 5 гола беше најпрецизна кај Ѓорче Петров, а а Саида Рејеб и Билјана Дамчевска дадоа по 4 кај Чаир