Македонскиот шампион Ѓорче Петров го донесе шестото засилување за претстојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции на домашна и меѓународна сцена.
Станува збор за бугарската репрезентативка Стефани Петрова, која доаѓа од шпанскиот тим Маравиља. 22-годишната Петрова настапува на позицијата лев бек, а потекнува од тимот на АРХГ Габрово.
Има настапи за кадетската, младинската и сениорската репрезентација на Бугарија, а беше втор стрелец на ЕХФ шампионатот за младинки во 2021 година во италијанскиот град Киети. Тоа и го донесе првиот трансер на меѓународна сцена.
Петрова беше дел од Ариосто Ферара, каде играше една сезона, пред да се врати во домашното првенство во составот на Етар Велико Тарново. Минатата сезона ја мина во шпанската Маравиља.
Пред Петрова, Ѓорче Петров ги засили своите редови со голманката Марија Јовановска, левото крило Стефанија Ѓорѓиевска, пивотот Анастасија Трпеска, како и сестрите Бојана и Борјана Коцеви. Договорите ги продолжија Флавија Лима Габина, Емилијана Ризоска, Катерина Дамјаноска и Ива Велкова.