Тимот на Ѓорче Петров 2 победнички го заврши регуларниот дел од сезоната во Женската лига откако славеше против Стружанка со убедливи 31-18.
Гостинките парираа до 3-3, потоа Ѓорче Петров 2 се одлепи на плус три, 6-3, а до крајот на полувреме постигна уште десет и прими само уште три гола.
Вториот дел беше само формално одработување на задача за избраничките на Милева Велкова за победнички крај на регуларниот дел од сезоната.
Марија Димоска беше најдобар стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне седум гола, додека Маја Раткушиноска стрелаше девет пати за Стружанка.
Металуг Автокоманда ја заврши групната фаза без пораз, откако славеше убедливо на гостувањето кај Битола со 30-16.
На полувремето гостинките водеа со 17-6 и немаше дилеми која екипа ќе ги освои бодовите на овој натпревар.
Марија Јанкуловска и Јана Ѓошевска со осум, како и Таида Беровиќ со седум гола беа најдобри кај Металург Автокоманда, додека во составот на Пелистер се истакна Наталија Дишковска со пет погодоци.