Ѓорче Петров 2 се враќа со цел плен од Свети Николе

Ракометарките на Ѓорче Петров 2 славеа на гостувањето кај Овче Поле СУ со убедливи 30-24 во првото коло од женската прволигашка конкуренција.

Имаа гостинките и предност од девет погодоци во финишот, 30-21, но тимот од Свети Николе намали на конечните минус шест.

Младите „лавици“ водеа од стартот до крајот на мечот, домашните ракометарки стигнаа во три наврати до реми, а последен пат 18-18.

Тогаш гостинките со серија од пет гола по ред без одговор од Овче Поле СУ и поведоа со 23-18, предност што не беше загрозена до крајот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марија Димоска со десет и Кристина Наумовска со шест погодоци, додека во Овче Поле СУ, десет гола даде Анастасија Сентовска, а Јована Конева стрелаше седум пати.