Ѓорче Петров 2 броеше до 45 против Стружанка

Ракометарките на Ѓорче Петров ja запишаа третата сезонска победа во Првата женска лига, откако славеа дома против Стружанка со 45-18.

Како и на многу натпревари од оваа конкуренција, така и на овој, победникот беше решен уште по првиот дел.

Избраничките на Милева Велкова водеа со 25-8, а вториот дел беше само рутинско одработување на задачата.

Најдобри стрелци во триумфот на Ѓорче Петров 2 беа Кристина Наумовска со 11 и Ангела Цветановска со шест гола, додека кај Стружанка Маја Раткушиноска постигна шест.

Во следното коло Стружанка гостува кај Деспина, додека Ѓорче Петров 2 ќе игра на гости со Шампион.