Продолжува традицијата и на женскиот летен турнир во организација на шампионот Ѓорче Петров, кој ова лето ќе го има своето четврто издание.
Покрај домаќинот Ѓорче Петров, ќе играат уште пет екипи – две од Македонија и три од странство, односно од Србија.
Во групата А се „лавиците“ од Ѓорче Петров, потоа Вардар и Железничар Инџија, додека во групата Б ќе бидат Чаир, Бор и Напредак Крушевац.
Иако турнирот традиционално се игра на отвореното игралиште „Камин Кама“, сепак поради најавените врнежи претстојниот викенд, натпреварите ќе се играат во спортската сала „Христо Батанџиев“ во Волково.
Ѓорче Куп 2024, распоред на натпревари:
четврток, 29/08/2024
19:00, Ѓорче Петров – Вардар
петок, 30/08/2024
18:00 Свечено отворање
19:00 Ѓорче Петров – Железничар Инџија
21:00 Бор – Напредак Крушевац
сабота, 31/08/2024
11:00 Чаир – Бор
19:00 Вардар – Железничар Инџија
21:00 Чаир – Напредак Крушевац
недела, 01/09/2024
11:00 за петто место
19:00 за трето место
21:00 финале