Ракометарките на Ѓорче Петров стартуваа со убедлив триумф на турнирот на кој се домаќинките, откако славеа против Вардар со 39-18.
Предводени од новото засилување, Ивана Дежиќ, која постигна девет гола, „лавиците“ уште во првиот дел го решија прашањето на победникот.
Вардарки парираа во дел од првото полувреме, но пред паузата Ѓорче Петров „нагази“ и отиде на плус пет, 15-10.
Во вториот дел имаше комплетна доминација на избраничките на Симе Симовски, кои примија само осум погодоци, а постигнаа дури 24.
Покрај Дежиќ, се истакнаа и Емилијана Ризоска, Ана Вранчиќ и Катерина Дамјановска со по пет погодоци.
Во составот на Вардар добра партија имаше младинската репрезентативка Леона Миленкоска со седум гола.
Ѓорче Куп, резултати:
Ѓорче Петров – Вардар 39-18