Горан Крстевски со нов предизвик – одново ќе игра во странство

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Крстевски, ќе има нов предизвик во кариерата.

По настапите минатата сезона во тимот на Охрид, Крстевски одново се сели во странство и оваа сезона ќе игра во Израел.

Тој потпиша за Нес Зиона, тим што се наоѓа на осмото место на табелата во израелскиот шампионат.

Во Македонија, средниот бек настапуваше за Металург, Еурофарм Пелистер, а во 2019 се пресели во Австрија каде го носеше дресот на Линц една сезона.

Потоа три сезони играше за романскиот Фочани пред да се врати во Македонија и беше дел од Охрид досега.